Пет интересни меча има на денешните Квоти на денот во Sport Life, кои ако ги одиграте според комбинациите што се нудат, вкупниот коефиицнет кој ќе го добиете е точно 40.60.
Астана е фаворит за победа против Хунедоара во квалификациите од Конференциската лига, а освен победа на домаќинот, потребно е да има и меѓу два до пет гола за да биде добитен коефициентот од 2.10.
Фехервар е домаќин на Олимпија Никозија и тука е потребно да има од еден до три погодоци во двете полувремиња за да биде добитна квотата од 1.95.
Хал и Шефилд венсди се очекува да одиграат натпревар на којшто ќе има барем по еден гол во мрежите на двата тима, но и да има барем по еден погодок во двете полувремиња за да биде добитна комбинацијата што се вреднува со 2.15.
Лидс на свој терен не треба да загуби од Мидлсборо, а тука се очекува да биде и ефикасно, па границата на голови е меѓу три и шест. Ваквата комбинација ако е успешна, ќе донесе добитна квота од 2.05.
Реал Мадрид и Аталанта ќе играат во борба за трофејот во Супер купот на УЕФА. Кога Реал игра финале, Кралскиот клуб речиси без дилема, на крајот и победува, па така се очекува да биде и сега. Победа на Реал во дуел на којшто ќе има барем по еден погодок во двете полувремиња се вреднува со квота од 2.25.