Точно девет години од постигнување на еден од најдобрите голови во историјата, може ли Златан вечер до нова магија? (Видео)

Златан Ибрахимовиќ и со полни 40 години не се откажува не само од играњето фудбал, туку и од националниот дрес. Шведска вечерва гостува кај Шпанија во дуел кој директно ќе решава за првото место во групата и тоа која селекција ќе оди директно на СП 2022, а која ќе мора да игра во баражот.

Токму на 14 ноември, но во 2012 година, Ибрахимовиќ одигра незаборавен меч во дресот на Шведска. Во дуел против Англија, Златан блесна и даде четири погодоци во победата од 4:2.

Посебно за памтење останува последниот гол што го постигна во 90 минута и тоа со акробација од преку 30 метри.

- Оглас -

Најнови вести