Разделбата меѓу Серхио Рамос и Реал Мадрид ќе се случи точно за 60 дена доколку претседателот Перес не ја промени политиката во клубот.
Рамос се надева дека ќе му биде исполнет условот и ќе добие двегодишен договор, па така 16-годишната врска меѓу него и Кралевите да продолжи и по крајот на сезоната.
Шпанските медиуми тврдат дека искусниот стопер ќе прифати и пониски примања само за да остане на „Сантијаго Бернабеу“, но времетраењето на договорот да биде уште најмалку две сезони.
Во меѓувреме, Рамос вечерва ќе го пропушти мечот против Осасуна, но максимално се подготвува за да биде во конкуренција за настап во реваншот против Челзи во полуфиналето од Лигата на шампионите.