Точно една деценија од најлудиот пресврт за титула во Премиер лига (Видео)

Манчестер сити е клуб со повеќе од едновековна традиција, но до пред една деценија тоа беше екипа која имаше заборавено како е да се освојуваат трофеи. Сето тоа се промени со доаѓањето на богатите арапски газди, кои вложија многу пари и создадоа моќна екипа за највисок дострел.

Граѓаните повеќе од 40 години се немаа израдувано на шампионска титула, а тоа заврши на 13 мај 2012 година, кога се играше последното коло од Премиер лигата. Сити на свој терен играше против Квинс парк Ррнџерс и требаше да победи за да биде првак, пред градскиот ривал Манчестер јунајтед.

Кошмарен беше мечот за Сити, но на крајот имаше среќен крај. Домаќините поведоа со 1:0, но КПР на почетокот на второто полувреме даде два гола и гостите стигнаа до предност од 2:1.

Водството на КПР беше сè до 90-тата минута, кога судијата покажа дека останува да се игра само уште загубеното време, а тогаш се случи чудо. Најпрво Един Џеко погоди за 2:2 во 92-рата минута, а потоа, буквално во последниот напад, Серхио Агуеро даде гол за 3:2 и неверојатен пресврт кој донесе титула за Сити по пауза од 44 години.

Агуеро, кој подоцна стана и најдобар стрелец во историјата на Сити, доби статуа пред стадионот за вечно сеќавање на магичниот ден од пред една деценија.

- Оглас -

Најнови вести