Тотенхем утревечер на свој терен ќе го пречека Манчестер сити во дербито на 9. коло на Премиер лигата, а тоа ќе биде првиот меч откако Жозе Мурињо денеска прослави една година од неговото доаѓање на чело на лондонскиот тим.
Мурињо беше назначен за тренер на Тотенхем на 20 ноември минатата година и тоа кога клубот се наоѓаше на 14-тото место во Премиер лигата. До крајот на сезоната, Тотенхем стигна до шестото место и се избори за место во Лигата на Европа. Само една година претходно, англискиот тим играше во финалето од Лигата на шампиони, а сега успех им беше место во второто по ранг натпреварување на УЕФА.
Под водство на Мурињо, Тотенхем одигра точно 50 меча во кои се радуваше на 26 победи. Кога се работи за средбите во Премиер лигата, во 34 натпревари има 18 победи, освојувајќи вкупно 62 поени, одосно 1,82 поени по меч. Овој просек на Мурињо е помал од просекот на неговиот претходник Маурисио Покетино, кој како предводник на Тотенхем имаше просек од 1,89 поени на меч. Подобри проценти од Мурињо имаат и Андре Вилјаш-Боаш (1,83 поени по меч) и Тим Шервуд (1,91 поени по меч), кога се гледа споредбата на последните четири тренери кои биле на клупата на Тотенхем.
И покрај тоа што Мурињо има најслаб процент на освоени поени во споредба со последните тројца тренери на Тотенхем, тимот сега е на второто место на табелата со само еден бод зад лидерот Лестер. Проценките се дела лондонскиот тим има шанси дури да влезе во трка и за титулата.
Откако Мурињо е во Тотенхем, тимот има освоиено 62 поени во Премиер лигата и само два клуба имаат освоено повеќе поени, а тоа се Манчестер сити со 58 бодови и шампионот Ливерпул кој во изминатве 365 дена во Премиер лигата има освоено 82 бодови.
62 – Since Jose Mourinho took over as Tottenham Hotspur manager a year ago today, they’ve won 62 points in the Premier League. This is the 3rd most, behind only Man City (68) & Liverpool (82). Anniversary.
Here’s a detailed analysis of Mourinho’s first year at Spurs. #THFC #COYS
— OptaJoe (@OptaJoe) November 20, 2020
Дали Тотенхем има квалитет и сила за титула најдобро ќе може да видиме на утрешниот дуел против Манчестер сити. Според коефициентите во Sport Life, гостите се фаворити за победа, но секако не смее да се потцени тимот на Мурињо.