Денеска, точно напладне почнува операцијата „Лихтенштајн“ за македонските фудбалски репрезентативци. Собирот е закажан во хотелот „Гранд Плаза“, а мини-подготовките ќе почнат подоцна.
Против аутсајдерот Лихтенштајн играме на 13-ти октомври, сабота, во Скопје и Македонија очекува победа за добро расположение пред клучниот меч во Ереван, против Ерменија, три дена подоцна.
Селекторот Игор Ангеловски повика 21 играч, грото стандардни во нашата селекција. Во тимот А се враќаат Ферхан Хасани и Аријан Адеми, а на местото на повредениот Дарко Велковски, дополнително беше повикан Ѓоко Зајков.
Натпреварот со Лихтенштајн ќе се игра од 20.45 часот, на националната арена во Скопје.
По две кола во четвртата група од сегментот Д, Македонија е лидер со шест бода, пред Лихтенштајни Ерменија со по 3 и Гибралтар без бодови.