Тод: Тој повеќе не е оној Михаел што сите го знаевме

Претседателот на Светската автомобилистичка федерација (ФИА), Жан Тод, повторно откри детали за здравствената состојба на седумкратниот Формула еден шампион, Михаел Шумахер.

Шумахер пред десет години на швајцарските Алпи имаше тежок пад додека скијаше доживувајќи тешка повреда на главата и оттогаш неговата здравствена состојба е вистинска мистерија.

Семејството на Германецот инсистира на приватност и јавноста и фановите најчесто информации дознаваат преку неговиот пријател Жан Тод, кој периодично се огласува во јавноста.

„Михаел е тука, така што не ми недостасува. Но, тој едноставно не е Михаел каков што беше и каков што го познававме сите во Формула еден. Сега е поинаков и прекрасно го водат и штитат сопругата и децата. Неговиот живот сега е поинаков и јас имам привилегија да делам моменти со него. Тоа е сè што можам да кажам“, изјави Тод.

- Оглас -

Најнови вести