Жан-Клер Тодибо веќе неколку месеци се спомнува во европските медиуми. Многу клубови беа заинтересирани за неговите услуги, но тој на крајот се одлучи за Серија А.
Францускиот стопер, кој има играно за Барселона, Бенфика, Шалке и за Ница, ќе го засили Јувентус.
Тодибо доаѓа на позајмица со право на откуп, а ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона до 2029 година доколку сите страни бидат задоволни од договорот.