Александар Тодоров, го скрои конечниот список од 15 кошаркари кои ќе патуваат за Перм, за последниот квалификациски турнир од четири меча кои можат да не одведат на Евробаскетот идната година. Отпаднаа Младеновски и повредениот Симоновски.
Од 18.до 22. февруари, односно во кус рок македонската репрезентација ќе одигра четири натпревари, последни во квалификациите. Со Италија ќе играме двапати, а по еднаш ривали ќе ни бидат Русија и Естонија.
Ни треба да ја прескокнеме Естонија, репрезентација што не победи во Скопје со 81:72 за да играме на ЕП.
За Перм македонските репрезентативци ќе отпатуваат утре, а последни ќе се приклучат Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски, непосредно пред тргнувањето за Русија.
КОНЕЧЕН СПИСОК НА ПАТНИЦИ ЗА ПЕРМ
Дамјан Робев
Андреј Митревски
Бојан Крстевски
Дамјан Стојановски
Кристијан Николов
Андреј Магдевски
Бојан Трајковски
Теодор Симиќ
Виктор Ефремовски
Филип Бакоч
Џејкоб Вајли
Војдан Стојановски
Лука Савиќевиќ
Ненад Димитријевиќ
Стојан Ѓуроски
СТРУЧЕН ШТАБ: Александар Тодоров – селектор, Ѓорѓи Кочов, Горан Самарџиев, Никола Велев, Никола Василев (асистент тренери), Ерен Хангун (кондициски тренер), Слободан Николиќ (доктор), Ненад Попоски (физиотерапевт).