Тодоров: Не одам во Приштина, останувам во Крајова

Откако пред една недела некои косовски медиуми го спомнуваа македонскиот кошаркарски тренер, Александар Тодоров, како главен кандидат за преземање на тренерската функција во Приштина, тој тврди дека до крајот на сезонава останува во романска Крајова.

„Сакам да бидам јасен и прецизен, не си одам од Крајова додека не заврши сезоната. Не гледам зошто би си заминал од тука, особено што во март ќе бидеме трети на табелата и ни треба само уште една победа во шест кола за да осигураме место во топ 4 тимови во лигата. Целта ни е да добиеме барем еден меч во плејофот, и јас сакам тие желби кои се мои и на управата, да се исполнат со оваа група на играчи кои ги имам. Гладни сме за правење на најголем успех во клупската историја“ – изјави Тодоров за романските медиуми.

Тодоров летоска стана тренер на Крајова, а екс-тренерот на МЗТ Скопје и од претходно има искуство од работење во романски клуб. Со Динамо Букурешт, истотака влезе во плејофот, што беше успех, бидејќи во таа сезона Динамо беше нов прволигаш.

- Оглас -

Најнови вести