25.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Тој е симбол на италијанскиот фудбал, дресот на репрезентацијата му е втора кожа

Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) официјално потврди дека Џенаро Гатузо е нов селектор на Аѕурите.

Претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина, го испофали популарниот Рино кој досега немал некои големи успеси како тренер, но како играч беше дел од тимот кој во 2006 година стана светски шампион.

„Тој е симбол на италијанскиот фудбал. Дресот на репрезентацијата му е како втора кожа. Неговата мотивација, професионализам и искуство ќе бидат фундаментални за следните предизвици на репрезентацијата. Свесен за важноста на целта што сакаме да ја постигнеме, му се заблагодарувам за достапноста и целосната посветеност со која го прифати овој предизвик,“, изјави Гравина.

Како играч, Гатузо имаше 73 настапи за Италија, освои титула светски првак, а како младинец во 2000 година беше и европски младински шампион.

Дебито како селектор ќе го има на 5-ти септември против Естонија, а три дена подоцна Аѕурите ќе играат и со Израел во квалификациите за Светското првенство. Италија не играше на претходните два Мундијали што е катастрофа за нив, три кикса по ред би биле премногу за земјата четирикратен светски првак, и ако не се плсираат ни на СП 2026, веројатно и Гатузо нема долго да стане селектор.

Претставувањето на Гатузо пред медиумите ќе се одржи в четврток, на 19-ти јуни во Рим.

- Оглас -

Најнови вести