Ливерпул го откупи имотот на кој живее нивниот тренер Јирген Клоп за сума од 3,7 милиони фунти и му дозволи на Германецот бесплатно да живее во куќата каде што и досега стануваше. Куќата досега беше во сопствеништво на Брендан Роџерс, екстренерот на Ливерпул и сегашен предводник на Лестер, кој во изминативе четири години му ја изнајмуваше на Клоп.
Клоп таму живее уште од првиот ден кога ја презеде клупата на Црвените, односно од октомври 2015 година, а сега не ќе мора да плаќа ќирија и слободно може да се чувствува како да е дома, ако досега воопшто тоа било проблем.
Благодарение на напорната работа и жртвеноста на германскиот стратег, Ливерпул повторно е светска велесила во најпопуларниот спорт и моментално царува со тронот на Европа.
Тој им донесе титула во ЛШ, а тие му купија куќа. Колку е убаво да си Јирген Клоп.