Тијаго Силва е еден од најдобрите дефанзивци во светот во изминативе 20-тина години. Иако има 41 година, тој уште е активен на теренот и е капитен на тимот на Флуминезе. Има активен договор со бразилскиот тим до јуни 2026 година, што значи дека уште една и пол сезона планира да биде активен
Дефанзивецот имаше блескава кариера како на клупски, така и на репрезентативен план. Играше за Челзи, Милан, ПСЖ, Порто, Динамо Москва…, додека во националниот дрес на Бразил одигра 113 натпревари.
Синот на Тијаго Силва, Јаго Силва кој има 15 години, истотака е фудбалер, кој игра за младинската школа на Челзи. Младиот Силва изненади со својата одлука да ја прифати понудата да заигра за У15 репрезентацијата на Англија.
„Горд сум што сум повикан за прв пат да бидам дел од кампот со репрезентативците на Англија. Продолжувам со напорната работа“, рече 15-годишниот Јаго Силва.
Честитки на овој повик стигна и од неговиот татко Тијаго. „Горд сум на тебе синко“.
Младиот Силва има шанси да го промени репрезентативниот дрес се до оној момент додека не реши за која репрезентација ќе игра во сениорска конкуренција.

