Тој што губи има право и да се лути: Пеп спортски се поздрави, но и се скара со Солскјер (видео)

Манчестер сити го загуби градското дерби против Јунајтед со што ѝ дојде крајот на неверојатната низа од 21-на победа на Граѓаните во сите натпреварувања.

Пеп Гвардиола никако не беше задоволен од резултатот иако ја пофали својата екипа за настапот, а и во еден од дербито покажа колку е лут пред камерите при двата гола заостаток.

Судијата Тејлор ја прекина играта со цел да се изврши измена во редовите на Манчестер јунајтед, но тоа не му се допадна на Пеп бидејќи неговите играчи брзаа да изведат аут. Солскјер му пријде да го смири и му пружи поздрав, по што Гвардиола прво се колебаше, па се поздрави, но продолжи да се расправа околу ситуацијата.

https://twitter.com/D9INE_ELITE_17/status/1368624611638734851

Незадоволството не го криеше и на прес-конференцијата, по што Гвардиола ја потцени победата на Црвените ѓаволи.

„Ние одигравме фантастичен натпревар во кој креиравме многу шанси и игравме атрактивно. За жал, се соочивме со екипа која веќе со години игра дефанзивен фудбал и се заканува преку контранапади. Оле беше во право, во историјата на Јунајтед е да го негува таа тактика“, цинично изјави шпанскиот стратег.

- Оглас -

Најнови вести