Јанг Кијан го освои првиот златен медал на Олимписките игри во Токио откако постави олимписки рекорд во пукање од 10 метри со воздушна пушка во женска категорија.
Најдобрата стрелачка запиша вкупен резултат од 251,8 поени што беше доволно за нов олимписки рекорд. Руската претставничка Анастасија Галашина заврши со 251,1 поен и го освои сребрениот медал, а бронзата ѝ припадна на Швајцарката Нина Кристен која заврши со 230,6 поени.
https://twitter.com/NBCOlympics/status/1418793229416284161
Во меѓувреме настапи и македонскиот претставник Борјан Бранковски, кој не обезбеди пласман во финалето во 10 метри со воздушен пиштол откако квалификациите ги заврши под 20-тото место со 573 поени и просечна прецизност од 9,55.
Настапот на Борјан низ бројки: