Барселона ќе биде без Жарарт Пике во мечот од второто коло во Лигата на шампиони. Ова стана јасно откако вечерва Пике заработи црвен картон поради фаулот направен на дуелот против Ференцварош. Каталонскиот иггант имаше сигурна предност од 3:0, кога гостите преку Токмак Нгуен стигнаа до шанса за погодок.
Токмак му избега на Пике, а стоперот на Барселона направи фаул по кој беше досуден пенал за гостите, а дефанзивецот на Барселона заработи директен црвен картон. На крајот, Ференцварош ем даде гол, ем Пике мораше да го напушти теренот, што автоматски значи дека најмалку еден меч во ЛШ ќе паузира.
Тоа значи дека Пике нема да игра во следното коло, и тоа на гости во Торино против Јувентус во дербито.
Погодокот што Ференцварош го постигна на „Камп ноу“ е прв гол за унгарскиот гигант по пауза од 25 години во елитната лига на УЕФА.