Толисо ќе мине тежок период, ја оперираше тетивата, паузата ќе биде долга

Корентин Толисо ќе биде надвор од фудбалските терени околу три месеци откако ги скина лигаментите на тетивата, објавија од Баерн Минхен.

Толисо се повреди на тренинг и неговото отсуство ќе биде хендикеп за амбициите на Баерн Минхен да ги одбрани титулите во Лигата на шампионите и во германското првенство.

„Жал ми е за Коко. Повредата е тешка и ќе мораме да играме без него во следните три месеци. Ќе му помогнеме што побрзо да закрепне и ја има нашата целосна поддршка“, изјави Ханси Флик, тренерот на Баерн.

Баварците влегуваат во клучниот период на сезоната, кога следува завршницата на Лигата на шампионите и на германското првенство и нема да можат да сметаат на францускиот ас во походот на двете шампионски круни, чии владетели се во моментов.

 

- Оглас -

Најнови вести