Толку е силата

Поразот од Наполи тешко го прифати Милан бидејќи ги урна шампионските амбиции на 18-кратниот италијански првак. Росонерите дозволија „Сан Сиро“ да падне во рацете на „непријателот“, а по новата загубена битка Пиоли и неговите избраници може да се збогуваат со Скудетото кон кое граби големиот градски ривал Интер. Милан по петти пат сезонава загуби во Серија А, по што негативата со соседите во сино-црна боја се зголеми на девет бода, разлика која тешко може да се надополни на 11 натпревари до крајот на италијанскиот шампионат.

Се чини дека толку е силата. На овој релативно млад состав очигледно му недостасува искуство. Голема улога одиграа и честите повреди на бројни првотимци, пред сѐ на Златан Ибрахимовиќ, кого го снема во клучниот дел од сезоната. Тоа се покажа како причина поради која Милан до крајот на сезоната ќе мора да ги смени плановите и да мисли на пласман во Лигата на шампионите, отколку на самиот врв во првенството. Исто и заморот поради големиот број на натпревари во краток период си го направи своето. Милан го напаѓа трофејот во Лигата на Европа, додека Интер нема меѓународни обврски, па затоа екипата која ја предводи Антонио Конте целосно е насочена кон мисијата да се прекине доминацијата на Јувентус на Чизмата.

Единствено што му останува на Милан е да се надева на чудо, односно формата на Интер да опадне, па да има неизвесен финиш во шампионската трка. Секако, шансите за тоа се мали, но Росонерите не треба да очајуваат бидејќи за нив реално ова е успешна сезона во која го вратија местото во „големата четворка“ и речиси сигурно идната сезона ќе се појави на големата сцена, а тоа е Лигата на шампионите.

КОГА ВЕЌЕ ЗБОРУВАМЕ ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ…

Пред нас е нова работна недела во која фокусот ќе биде на европските купови, што е нова шанса за обложувачите да си ја пробаат среќата. Нормално, вторник и среда се резервирани за оние најдобрите, по што ќе ги дознаеме и останатите четири патници во топ 8 фазата.

Екипите кои се во резултатска предност и поблиску до четвтфиналето, се сите домаќини во реванш-дуелите, а тоа се актуелниот бранител Баерн Минхен, Манчестер сити, Реал Мадрид и Челзи. Сите тие во преоснататите 90 минути треба да го бранат домашниот терен и да им се приклучат на веќе познатите Ливерпул, ПСЖ, Порто и Борусија Дортмунд.

По изненадувањето на Порто со елиминацијата над Јувентус, и сега има простор за слични шокови. Минималната победа од 1-0 во Бергамо не е гаранција за Кралевите, кои со сигурност ги очекува уште една тешка пресметка со Аталанта. Атлетико покажа бледо издание во првиот дуел против Челзи, па јасно е дека Симеоне ќе мора да менува во својата тактика за пококретна партија на Јорганџиите. Баерн веќе се гледа како четвртфиналист откако го освои „Олимпико“ на Лацио со убедливи 4-1, а исто и Сити треба да го потврди своето место по сигурните 2-0 на гости кај Гладбах.

Она што е сигурно е дека нѐ очекуваат нови возбудливи фудбалски вечери, кои никако не треба да се испуштат на обложувачки план, односно да се состави добитно ливче во Sport Life. Билтенот како и секогаш ќе биде богат со мал милион типови преку кои треба да се најде патот до добитната комбинација. Секако, и реванш-натпреварите во осминафиналето од Лигата на Европа ќе бидат во понудата, само треба да имате добитна замисла.

- Оглас -

Најнови вести