Околу 20 навивачи го бодреа тимот на ХЈК Хелсинки на гостувањето во Белград кај Црвена ѕвезда, а Финците беа толку многу изолирани од домашните фанови, што беше смешно да се види колкаво обезбедување имаше околу нив.
Пред почетокот на мечот, кога уште не беа стигнати сите 20 навивачи на Хелсинки, тука на гостинската трибина беа само 2-3 навивачи, еден фински новинар го фотографираше моментот во кој се гледа како околу тие тројца навивачи има многу редари. Освен тоа, блокот каде што беа сместени беше изолиран и домашна публика немаше ниту на три блока лево или десно од нивниот дел. Можеби беа претерани мерките за безбедност, но на Финците им беше чудно што беа како во кафез, меѓу толку огради и жици.
На трибините на „Рајко Митиќ“ се собраа околиу 40.000 луѓе, но јужната трибина, каде што е семафорот, беше празна и тоа придонесе финските навивачи навистина да бидат сосема изолирани.