Толку се можеше: Македонија загуби во официјалното деби на селекторот Бајиќ

Македонската кошаркарска репрезентација загуби од Швајцарија со 62:67 на стартот од претквалификацискиот турнир за Мундобаскетот 2023. Избраниците на Бајиќ потфрлија во намерата да му донесат победа на новиот селектор во официјалното деби на клупата, во мечот кој се одигра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Со воведните поени на Крстевски, и при резултат од 17-16 беше последнен пат кога Македонија имаше резултатска преднсот, по што швајцарските кошаркари ја презедоа иницијативата, за пред паузата да имаат и двоцифрени +12 поени предност.

Во обид за што побрзо да се вратиме во игра, најмногу што успеавме е да намалиме на „минус четири“ на двапати во средината од вториот период и последниот, за пред крајот гостите повторно да избоксуваат двоцифрена предност, пред нашиот состав со серија од 7-0 да го ублажи поразот.

Мекиќ со 16 и Вајли со дабл-дабл од 15 поени и 13 скока беа најефикасните играчи од нашиот состав, со 19 поени Казади ги предводеше Швајцарците.

- Оглас -

Најнови вести