-7.2 C
Skopje
петок, 2 јануари 2026

Толку сиромашен ден со голови во Премиер лигата немало од 1998 година

Синоќа се одиграа четири натпревари во англиската Премиер лига, по кои се комплетира првата полусезона. Сите екипи имаат одиграно по 19 од планираните 38 кола.

Интересно е дека првиот ден од 2026 година донесе многу неефикасен фудбал. На четирите натпревари кои се одиграа беа постигнати само два гола, а немаше победник на ниедна средба. Кристал палас и Фулам ремизираа 1:1, додека без голови завршија останатите три средби: Ливерпул – Лидс, Брентфорд – Тотенхем и Сандерленд – Манчестер сити.

Ова е првпат по 29 април 1998 година во еден ден да се одиграат барем четири натпревари, а вкупно да бидат постигнати само два гола. Исто така ова е првпат по 11 април 2010 година кога во еден ден се играат четири средби, три да завршат со резултат 0:0. Едноставно многу неефикасно започна Новата година во англиската Премиер лига.

- Оглас -

Најнови вести