Томане од Ѕвезда даде атрактивен гол со ножички, ама малкумина го видоа (Видео)

Апелот на Делиите да има повеќе публика и екипата на Црвена ѕвезда на убав начин да се испрати на гостувањето во Атина кај Олимпијакос, не вроди со плод, ептен малку публика (околу 1.000 луѓе) се појави попладнево на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, но на фудбалерите на терен не им пречеа празните трибини.

Ѕвезда го победи Спартак со 3-1 во меч од српската суперлига, а едниот погодок, кој беше дело на Португалецот Томане, беше ремек дело. Тој даде гол со ножички, па многумина кои можеби мислеа да се појават на трибините, но останаа дома, ќе жалат што немаа прилика да го видат во живо.

- Оглас -

Најнови вести