„Фосун интернешенел“ загуби над една милијарда фунти со пропаѓањето на најстарата туристичка фирма на светот „Томас Кук“ што може да се одрази и на премиерлигашкиот клуб Вулверхемптон.
Кинескиот бизнис конгломерат пред три години го купи Волфс за 45 милиони фунти, а сега проценката на „Фосун интернешенел“ е дека вреди 350 милиони фунти, што е и можна најава за продажба.
Проблем за Гуо Гуангчанг, кој е претставник на кинескиот капитал вложен во Вулврехемптон, е големата загуба со пропаѓањето на „Томас Кук“.
Кинезите велат дека за „Фосун интернешенел“ не се проблем една милијарда фунти, бидејќи активата им е проценета на петкратно повеќе пари, но алармот е веќе запален на „Молињу“ и можно е да дојде до продажба на популарните Волци.
Гунгчанг и инвеститорите од кинескиот конгломерат го купија клубот кога тој беше просечен второлигаш, или член на Шампионат лигата во Англија и за три години стигна до одличен премиерлигаш, кој сезонава игра во Лигата на Европа, а лани за влакно не успеа да се пласира и во финалето на ФА купот.