Легендарниот Томас Милер смета дека германскиот национален тим нема да биде еден од главните фаворити за Светското првенство ова лето, поради недостиг на стабилна основа и конзистентност. Турнирот ќе се одржи во САД, Канада и Мексико помеѓу 11 јуни и 19 јули.
„Имаме квалитет да победиме секого во еден натпревар, но недостига стабилност. Не е невозможно да се победи Германија, но има разлика дали можам да победам еден тим или дали сум тежок за победа“, изјави Милер за агенцијата ДПА.
„Секој играч во тимот треба да влезе на турнирот подготвен да даде сè од себе за да стигнеме до финалето“, додаде светскиот шампион од 2014 година.
36-годишниот илер минатото лето го напушти Баерн Минхен и премина во Ванкувер вајткепс, каде што се чувствува како дома.
„Сè функционира перфектно од првиот ден, како на теренот така и надвор од него. Луѓето се многу отворени, а Ванкувер е космополитски град со многу култури. Никој не обрнува внимание дали си локален или тукушто дојден. Безбедно е и природата е прекрасна. Сè е многу пријатно“, додаде Милер.

