Томас Милер горд на своите домати, жена му го кара (Фото)

Германската фудбалска ѕвезда, Томас Милер, во слободно време во својот дом се занимава со одгледување на домати во саксии, а на социјалните мрежи се пофали со поцрвенетите домати.

Милер напиша дека е горд и дека за следната сезона се надева на уште подобар род и најави дека ќе одгледува повеќе видови на домати.

Секако тој не издржа да не го проба вкусот на зрелите мали домати, но доби шеговит „прекор“ од неговата сопруга Лиза.

„Полека со јадењето, некој домат треба да стигне и до кујна“ – искоментира сопругата на Милер.

- Оглас -

Најнови вести