Томас Милер ја објасни разликата меѓу Германците и останатите фудбалери

Томас Милер веќе е дел од легендите на Баерн Минхен. Во тимот дојде во 2008 година и уште не планира да си замине. Милер никогаш не играл спектакуларен фудбал, но со својата борбеност, тактичка дисциплина и големиот тимски дух секогаш е меѓу омилените на тренерите.

По доделувањето на Златната топка на Лионел Меси, а не на Роберт Левандовски ,кој игра во Баерн, Милер даде едно објаснување зошто Левандовски бил во подредена ситуација.

„Ние во Германија не веруваме во ѕвезди. Уште од мали не учат како да играме како тим, а не да блескаме сами. Затоа нема да видите многу германски фудбалери кои ја освоиле Златната топка, но затоа ќе видите четири ѕвезди на нашиот дрес“, вели Милер.

Германија четирипати беше светски првак, а последен пат на планетарниот трон се искачи 2014 година. Таа година Милер беше и на петтото место во рангирањето на Златна топка, што е негов најдобар пласман.

Низ историјата на Златната топка досега седум Златни топки завршиле во рацете на Германци. Последен пат тоа го направи Матијас Самер во 1996 година, годината кога Германија стана европски првак.

Франц Бекенбауер и Карл-Хајнц Румениге по двапати ја освојувале Златната топка, а по еднаш оваа престижна награда ја добиле Герд Милер и Лотар Матеус.

 

- Оглас -

Најнови вести