Томас Милер ќе игра за Баерн на СКП, но ќе остане во САД и ќе ја продолжи кариерата во МЛС-лигата?

Томас Милер пред 25 години, односно во 2000 година, пристигна во академијата на Баерн Минхен и стана вистинска легенда на клубот. За Баварците досега одигра 750 натпревари, а во сабота ќе го одигра и последниот бундеслигашки меч за Баерн Минхен, но ќе биде дел од екипата и за Светското клупско првенство.

Ефектот на Милер во дресот на Баерн е 248 гола и 271 асистенција, а според најавите, по турнирот во САД може да остане во земјата и да ја продолжи кариерата во МЛС-лигата.

„Сè уште не знам каде ќе продолжам. Немам ништо конкретно, но, секако, имам идеја. Ќе биде возбудливо. Следните неколку недели ќе бидат клучни. Ни претстои Светското клупско првенство, кое ќе биде возбудливо искуство. Секако, ќе ги држам ушите отворени во САД“, изјави Милер за германските медиуми, а тоа беше протолкувано дека планот му е да остане во САД и да игра во МЛС-лигата.

Томас Милер во дресот на Баер Минхен освои над 30 трофеи, од кои рекордни 13 титули од Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести