Томас Милер на сопругата ѝ купи авион

Легендарниот фудбалер на Баерн Минхен, Томас Милер, на својата сопруга Лиса ѝ подари многу посебен подарок – авион.

Овој спектакуларен подарок од нејзиниот сопруг треба да биде поттик таа што побрзо да добие пилотска дозвола, со оглед дека во моментов ја нема, но на почетокот на годината започна со часови за летање.

Томас Милер купил авион Pilatus PC-12/45, произведен во 2004 година, кој чини околу 2,4 милиони евра. Авионот е долг 14 метри и нуди простор за двајца пилоти и осум патници.

Според информациите од „Билд“, Лиса наскоро би требало да добие и дозвола за хеликоптер, а подарокот од Томас дојде во време кога со месеци кружат гласини дека нивниот брак е во криза. Фудбалерот на Баерн дури престана да ја следи својата сопруга на „Инстаграм“, но по натпреварот со Барселона во Лигата на шампионите покажа копачки на кои беше испишано нејзиното име.

Томас Милер сега очигледно испрати уште еден јасен сигнал дека меѓу нив сè е во ред и дека ќе останат заедно.

- Оглас -

Најнови вести