Томас Милер сака да си оди од Баерн Минхен

Томас Милер, легендарниот напаѓач на Баерн Минхен, почнал да размислува за напуштање на клубот во којшто ја мина целата досегашна кариера, објави германски „Кикер“.

Искусниот Милер, кој има 34 години, а 15 години е дел од првиот тим на Баерн, бил незадоволен од минутажата сезонава.

Тренерот Томас Тухел не го гледа Милер како стартер и не само тоа, туку Милер не е приоритет ниту меѓу резервите. Како замени или придружници на Хари Кејн во шпицот и нападот се гледаат прво Матис Тел и Ерик Чупо-Мотинг, што се виде викендов против Лајпциг.

Милер мисли дека ситуацијата нема да се промени додека е Тухел на клупата, па најверојатно ќе направи трансфер следното лето.

- Оглас -

Најнови вести