Томас Милер даде убав гол во победата на Баерн Минхен од 2-0 над Фрајбург, и на најубав начин се запиша во историјата на најголемиот германски клуб.
Милер денеска го одигра својот 710-ти официјален меч во дресот на баварскиот гигант, и со тоа стана рекордер по број на настапи за Баерн, надминувајќи го легендарниот голман Сеп Мајер.
Гол даде и Хари Кејн кој погоди од пенал, и сега може да се пофали дека постигнал гол против сите 17 бундеслигашки клубови со кои се соочил.