Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер, стана рекордер на клубот по бројот на одиграни натпревари во Бундеслигата. На натпреварот против Волфсбург (2-3), Милер го забележа својот 474-ти првенствен настап за Баерн, со што го надмина претходниот рекордер, Сеп Мајер.
Баерн Минхен го победи Волфсбург на гости со 2-3, а Томас Милер во игра влезе како замена во 65-тата минута, на местото на Саша Бој.
Милер со овој настап се израмни со Сеп Мајер по бројот на вкупно одиграни натпревари во дресот на Баерн – 709.
Милер е и рекордер на Баерн Минхен по бројот на освоени трофеи, вкупно 12.
Германскиот офанзивец дебитираше за Баерн Минхен во 2008 година против Хамбургер, кога влезе како замена за Мирослав Клозе.