Фудбалерот за врска на Арсенал, Томас Парти, е на чекор до преселба во редовите на Барселона. Според шпанските медиуми, новиот тренер на каталонскиот гигант, Ханси Флик, сака да го надгради составот по успешната сезона во која ја освои титулата во Ла Лига, и бара „паметни решенија“ за засилување на екипата ова лето.
Досега фокусот беше насочен кон ангажман на нов крилен напаѓач, а Луис Дијас и Нико Вилијамс беа меѓу приоритетите, но сега вниманието се префрла кон играчот на Арсенал.
32-годишниот репрезентативец на Гана ќе го напушти Арсенал по истекот на неговиот договор, а враќањето во Шпанија се смета за најреална опција. Томас Парти има богато искуство во Ла Лига, бидејќи помина седум години во Атлетико Мадрид, вклучувајќи и два позајмени периоди во други шпански клубови.
Барселона планира да му понуди двегодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Се работи за стратегиски потег, со кој Барса ќе добие квалитет и искуство во средниот ред без големи трошоци за трансфер, што е од особено значење за клубот поради моменталната финансиска состојба.