Томас Тухел е нов тренер на Баерн Минхен

Екипата на Баерн Минхен експресно ја пронајде замената за Јулијан Нагелсман, кој имаше незадоволителни резултати оваа сезона. Во продолжение од сезоната, но и во следните две сезони, “баварците“ од клупата ќе бидат предводени од искусниот Томас Тухел. Баерн Минхен на социјалните мрежи го објави името на новиот тренер и соопшти дека тоа е одлука на Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ.

Баерн Минхен во моментов е на втората позиција во германската Бундес лига, со еден поен помалку од лидерот Борусија Дортмунд. Германците во Лигата на Шампиони се пласираа во четврт-финалето, каде за противник го имаат Манчестер Сити.

Ваквите резултати очигледно не беа доволни за Нагелсман да се задржи на клупата на Баерн Минхен и во следниот период, бидејќи раководството на клубот е навикнато кога се работи за домашното првенство, Баерн Минхен да има голема предност пред останатите екипи.

Последниод анганжман на Тухел беше во екипата на Челзи.

- Оглас -

Најнови вести