Репрезентацијата на Англија има перфектни четири победи во четири меча од квалификациите за пласман на СП 2026. И покрај тоа што се без грешка, селекторот Томас Тухел не беше многу задоволен од играта покажана на последниот меч, вчера на свој терен на „Вила Парк“ во Биирмингем против Андора.
Англија победи со 2:0, а првиот погодок всушност беше автогол на гостите кои беа тотални аутсајдери. Токму затоа, фактот дека англисите фудбалери постигнаа само еден гол против една Андора и тоа на свој терен, беше причина за Тухел да одвои тројца фудбалери кои посебно разочараа.
“Еберечи Езе можеше да има многу подобар ден на својата позиција, Мадуеке не беше добар во додавањата, а Рашфорд можеше да постигне неколку голови, а не погоди ниеднаш“, рече Тухел, кој додаде дека очекува многу подобра игра во следните дуели.
Англија има перфектна и одбрана и досега не прими ниту еден гол (8:0 гол-разлика), а следниот предизвик ќе биде навистина голем. Гордиот Албион на 9 септември ќе гостува во Белград на Србија, селекција која е второпласирана во групата.