Томас Тухел: „Ова не е фер!“

Баерн Минхен игра катастрофална сезона, а кулминација на лошите резултати е серијата од три порази по ред, два во првенството и еден во Лигата на шампионите. Посебно загружувачки се поразите во Бундеслигата од Баер Леверкузен и од Бохум, па сега имаат заостанување од осум поени зад Фармацефтите.

„Овие порази не се фер. Многу работи беа против нас на мечот со Бохум. Сè што можеше да биде лошо беше лошо за нас. Мора да го почитуваме противникот. Игравме поразлично во однос на Леверкузен и Рим. Во овој момент тоа не е реално, но минатата сезона се надевавме до последната секунда и успеавме да ја освоиме титулата“, вели Тухел по сензационалниот пораз од Бохум.

- Оглас -

Најнови вести