Томица Главчев изгласан за нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија

Томица Главчев е избран за нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија. Тој е вкупно 23-тиот претседател во постоењето на КФМ од 1950 година наваму, а на функцијата доаѓа на местото на Перо Антиќ кој во претседателското столче седеше шест години.

Главчев бепе единствен кандидат.

Во отсуство на Антиќ, седницата на Собранието ја водеше Љупчо Павловски од Бадел како највозрасен член на Собранието. На Антиќ едногласно му беше изгласна недоверба.

На присутните им се обрати и Министерот за спорт, Борко Ристовски, кој посака сите заедно да работиме за кошарката да се врати на старите патеки.

- Оглас -

Најнови вести