Голманот на Вардар набрзина уште на почетокот на мечот нанижа четири прекрасни одбрани и му влеа самодоверба на тимот. Брзо се приклучи Тимур Дибиров со 7 гола во првото полувреме, а Мартин вкупно нанижа 12 одбрани.
https://twitter.com/ehfcl/status/1453440119617343496?s=20
На спротивната страна и легендарниот Данец, Никлас Ландин, бранеше одлично, има вкупно 6 одбрани, но вечерва во првите половина час од мечот, Томовски со речиси двојно повеќе одбрани го засени голманот на Кил.