Томовски ја спушти ролетната во Норвешка, Вардар и Елверум бијат голема битка за победа

Мартин Томовски бранеше феноменално во првото полувреме во „Тернинген арена“, имаше 8 прекрасни интервенции, а Вардар има нерешен резултат, 13:13 против Елверум во премиерниот меч за двете екипи во новата сезона во Лигата на шампионите.

Во третиот меѓусебен меч меѓу двете екипи Вардар со одлична игра најави втора победа против Елверум, но финишот и серијата од 4:0 го враќа и Елверум во игра.

Расположен за игра беше Џереми Тоту со четири гола, а и новото засилување Кевин Њокас е во форма и постигна три гола.

Домаќините водеа со 2:0 и 3:2, а потоа се беше во знакот на гостите од Скопје, кои постојано имаа предност. Во финишот на првото полувреме Вардар водеше со 12:8 и 13:9, но домаќините со серија од 4:0 стасаа до егал, 13:13.

 

- Оглас -

Најнови вести