Во експедицијата на македонската машка ракометна репрезентација која отпатува во Луксембург, каде што утре од 20.15 часот го имаме последното гостување во квалификациите за Европското првенство 2024, се најдоа 17-мина играчи, а во Луксембург ќе им се приклучи голманот Николче Митревски.
Од списокот на селекторот Кирил Лазаров, во Скопје останаа голманот Мартин Томовски и Едвин Омерагиќ, а претходно поради повреди отпаднаа и пивотите Костадин Петров и Марко Стојковиќ.
По гостувањето во Луксембург, за Македонија ќе стане уште домашниот меч со Турција на 30 април, кога ќе треба да го прославиме пласманот на уште еден голем ракометен настан.