Томовски: Против Чиле да најдеме излез од лошата ситуација

Македонија утре (15:30 часот) ќе ги одмери силите против Чиле, меч во кој евентуален триумф може да биде доволен за нашата селекција да се пласира во следната фаза од Светското првенство.

Околу тој дуел, на денешната прес-конференција говореше голманот Мартин Томовски, кој беше еден од ретките со добар настап во распадот од Египет во претходниот меч.

„Селекцијата на Египет е доста поквалитетна екипа, меѓутоа ние им дозволивме да играат толку лесно. Делувавме немоќно, но сега е моментот да се консолидираме и да оствариме добар резултат против чиле. Мора да покажеме многу поагресивна игра и жар за победа. Ги знаеме слабостите на нашиот следен противник, но ние треба да се фокусираме на нашата игра, да го поправиме впечатокот од претходно“, истакна Томовски.

Чиле беше селекцијата која двапати загуби од Македонија во подготовките во пресрет на ракометниот Мундијал, па затоа составот на Брестовац утре ќе биде фаворит според квотите во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести