Томпсон и Кари влегоа во шутерско шоу за три поени, Голден стејт прекина низа од осум порази (Видео)

Голден стејт вориорс стигна до првата победа на гостински терен откако славеше на теренот кај Хјустон со 127:120. Актуелниот шампион очајно стартуваше на туѓ терен и имаше осум порази по ред, за конечно утрово да се радува.

Клеј Томпсон и Стеф Кари беа предводниците на победничкиот тим и заедно постигнаа 74 поени. Томпсон беше незадржлив за три поени и даде 10 тројки (на крајот заврши со 41 поен), а Кари седум пати погоди од зад линијата која означува три поени, а на крајот заврши со 33 поени, а имаше и 15 асистенции.

Лука Дончиќ и неговиот Далас загубија дома од Денвер, кој беше без Никола Јокиќ. Словенецот го одигра најслабиот меч сезонава и на крајот заврши со 22 поени, девет скока и осум асистенции, а го промаши шутот од половина терен кој можеше да му донесе победа на Далас.

Резултати: Феникс – Њујорк 116:95, Сакраменто – Детроит 137:129, Вашингтон – Шарлот 106:102, Кливленд – Мајами 113:87, Хјустон – Голден Стејт 120:127, Бруклин – Мемфис 127:115, Далас – Денвер 97:98, ЛА лејкерс – Сан Антонио 123:92.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести