8357 Клеј Томпсон (НБА, Феникс – Голден стејт, 04 часот)
Клеј Томпсон заедно со Стеф Кари се најдобрите шутери во редовите на НБА шампионот Голден стејт вориорс, но и во целата лига воопшто.
Томпсон послабо од очекувањата ја започна сезоната и на трите досегашни натпревари постигнува просечно по 14,4 поени по натпревар.
Но, дуелите со најдобрите екипи во НБА се дополнителна мотивација за Томпсон, а Феникс е токму тоа, тим кој според експертите, треба да биде главен конкурент на Голден стејт во Западната конференција.
Главното оружје во играта на Томпсон е шутот за три поени, а иако засега шутира со 33 отсто успешност, се очекува бекот на Голден стејт да се покаже во најдобро светло кога е најпотребно, а тоа е вечерва.
Предлог тип: >15.5 поени (1.85)
8418 Њу Орлеанс пеликанс – Далас маверикс (НБА, 01.30 часот)
Покрај пресметката меѓу Голден стејт и Феникс, возбудувања се очекуваат и на дуелот меѓу Далас маверикс и Њу Орлеанс пеликанс.
Далас, кој е предводен од Лука Дончиќ, досега одигра два натпревари и има половичен скор од една победа и пораз, додека Њу Орлеанс има две победи и еден пораз.
Дончиќ уште на првите натпревари во новата сезона покажува дека е еден од главните фаворити за МВП признанието, има просек од 33,5 поени и по 8 скокови и асистенции, а Далас сезонава изгледа подобро избалансиран тим од минатата сезона, кога стигна до финалето на Западот. Сезонава Далас има голем адут во играта под кошевите во Кристијан Вуд, кој дојде од Хјустон и има просек од 25 поени и 10 скока, а уште една опција во нападот е Спенсер Динвиди, кој постигнува 15 поени по натпревар.
Од друга страна, Њу Орлеанс одлично ја започна сезоната, ги победи Шарлот и Бруклин, но загуби од Јута во последниот натпревар. Тренерот Вили Грин, најверојатно вечерва ќе мора да игра без двајцата најдобри играчи, Брендон Инграм и Зајон Вилијамсон, кои се повредени. Поради тоа, очекуваме Далас да слави вечерва.
Предлог тип: 2 со хендикеп од 4.5 поени (1.79)
8343 Крис Пол (НБА, Феникс – Голден стејт, 04 часот)
Тоа што се однесуваше за Томпсон, се однесува и за олстар-бекот на Феникс санс, Крис Пол.
Пол стандардно е одличен кога станува збор за асистенциите и има просек од 10,7 по натпревар, но на почетокот од сезоната постигнува помалку поени. На три натпревари даде само 23 поени и единствено против Портланд ја мина границата од 10 поени. Но, дуелот со шампионот и Стеф Кари би требало да претставува доволно голема мотивација за Пол конечно да проработи поентерски и очекуваме дека вечерва ќе постигне двоцифрен број на поени.
Предлог тип: >12.5 поени (1.85)
4241 Атлетико ПР – Палмеирас (Бразил, 02.44 часот)
Палмеирас по 34 кола е лидер на табелата во Серија А со 71 бод, десет повеќе од второпласираниот Интернасионал, додека Атлетико ПР е шести во 51 бод. Натпреварот има многу поголемо значење за домаќините кои на четири кола до крајот, имаат четири бода помалку од петтопласираниот Флуминенсе, кој оди директно во групната фаза во Копа Либертадорес. Шестата позиција на табелата води во квалификациите во Копа Либертадорес.
Во меѓусебните дуели често има голови, последната средба ја одиграа минатиот месец во Копа Либертадорес и заврши 2:2. За очекување и е вечерва двата тима да тргнат офанзивно бидејќи влогот за едните е шампионска титула, а за другите е директен пласман во Копа Либертадорес и таквиот пристап би требало да донесе голови.
Предлог тип: ГГ (2.08)
8419 Оклахома сити тандер – Лос Анџелес клиперс (НБА, 02 часот)
ЛА клиперс, кој и годинава има највисоки амбиции, е апсолутен фаворит против екипата на Оклахоа сити тандерс. Младиот тим на Оклахома сити е еден од четирите тима што сè уште немаат победа, додека Клиперси имаат скор од две победи и еден пораз.
Тренерот на Клиперси, Тајрон Лу, нема да може да смета на услугите на болниот Пол Џорџ, но тука е Кавај Ленард, додека кај Оклахома повредени се Холмгрен, Вилијамс и Гиди.
Не би требало ЛА Клиперс да има големи проблеми да запише уште една победа.
Предлог тип: 2 со хендикеп од 7.5 поени (1.70)