Брера Струмица ги објави новите промени во стручниот штаб за пролетниот дел од првенството. Тони Атанасов ќе ја преземе улогата на главен тренер, додека Панче Стојанов ќе биде негов прв помошник.
Оваа одлука доаѓа по заминувањето на досегашниот тренер Горазд Михајлов. Новиот стручниот штаб ќе го комплетираат Дарко Коцев како кондициски тренер и Ѓорги Шопов како тренер на голманите.
Клубот започнува со подготовки утре, со фокус на подобрување на физичката подготвеност и тактичко-техничката игра.
Покрај подготовките, Брера Струмица активно работи на доведување нови засилувања, со оглед на тоа што значителен број играчи го напуштија клубот во текот на зимската пауза.