Џастин Гејтџи приреди изненадување на главната борба од УФЦ 249 настанот кој се одржа во Џексонвил, САД, па сега тој е привремен светски првак во ултимејт во лесна категорија со 70 килограми. Гејтџи го победи фаворитот Тони Фергусон, со технички нокаут во петтата рунда, судијата ја прекина борбата после серија удари кои ги прими 36-годишниот Фергусон.
На настанот немаше публика, но се очекуваше Фергусон кој му беше предизвикувач на првакот Хабиб Нурмагомедов, да докаже дека е способен да го совлада рускиот борец, и да слави против Гејтџи. Но, популарниот „Хајлајт“ кој има два порази во кариерата, дојде до 22-рата победа, веројатно највредна во неговата кариера. Фергусон сега има 4 порази, а немаше пораз од 2013 наваму.
Овој УФЦ 249 настан требаше да се одржи на 18 април во Бруклин и борба за титулата да водат Нурмагомедов и Фергусон, но поради коронавирусот и неможноста на Русинот да отпатува во САД, Фергусон си најде друг ривал, и загуби.
Погледнете ги завршните моменти и радоста на Гејтџи:
Justin Gaethje | #UFC249
"The Highlight" (22-2) derrota a Tony Ferguson vía TKO (puños) en el quinto asalto y se corona campeón interino del peso ligero. Auténtica guerra que nos han brindado ambos peleadores en la cual Gaethje ha mostrado su mejor versión hasta la fecha pic.twitter.com/lrERAHhDCt
— El rincón de las MMA (@RinconMMA) May 10, 2020