Тони Крос: „Фудбалерите на Реал Мадрид на теренот изгледаа како да се молат да не примат уште еден гол“

Фудбалерот кој освои 22 трофеи со Реал Мадрид, Тони Крос, во својот поткаст го анализираше мечот на „кралевите“ против Арсенал, но го анализираше и однесувањето на фудбалерите. Неговиот заклучок беше дека во Реал Мадрид никогаш не било вака.

„Од искуство можам да кажам дека на секој меч има момент кога од Реал Мадрид се очекува да постигне гол, дури и ако до крајот има пет, шест или седум минути игра. И како што знаете, баш тие голови се одлучувачки кој ќе мине во следната фаза, затоа е исклучително важно да ги задржите шансите со тој гол. Тој еден гол може да биде одлучувачки за реваншот. Но, од говорот на телото на фудбалерите на Реал Мадрид можеше да се види дека си велеа ‘Ве молам, само немој да ни давате уште еден гол’. Ова е многу чудно, никогаш не било вака. Без разлика против кого игравме, имаше и натпревари кои ги загубивме, но никогаш немавме таков став. Мора да го натерате Арсенал, кој нема искуство од вакви натпревари во Лигата на шампионите, во Мадрид да си помисли дека се уште не е ништо завршено.“ – рече Тони Крос.

- Оглас -

Најнови вести