Тони Крос откри што ќе работи по завршувањето на фудбалската кариера

Германскиот фудбалер Тони Крос неодамна објави дека ќе се пензионира по завршувањето на настапите на ЕП, а веќе е познато што ќе прави понатаму во животот.

Крос направи неочекуван потег кога пред неколку недели објави дека го напушта фудбалот по Европското првенство. Недолго потоа тој го одигра последниот натпревар во дресот на Реал Мадрид, во победата над Борусија Дортмунд (2-0) во финалето на Лигата на шампионите, па со шест освоени титули во ова натпреварување на најдобар начин ја завршува кариерата.

Сега ќе се фокусира на натпреварите со германската репрезентација, а по ЕВРО 2024 повеќе нема да го гледаме како фудбалер, но фудбалски останува активен. Крос во едно интервју откри дека ќе има место во Академијата на Реал Мадрид наречена „Ла Фабрика“.

„Ќе го продолжам поткастот со мојот брат Феликс и ќе работам во Академијата на Реал Мадрид. Сакам да бидам запаметен како 34-годишниот Тони Крос, кој ја одигра својата најдобра сезона за Реал и потоа стави крај на кариерата“, изјави Тони Крос.

Прогласен за најдобар фудбалер во Германија во 2018 година, Крос има дури 34 трофеи, вклучувајќи го и Светското првенство со националниот тим. Пред Реал Мадрид играше за Баерн Минхен.

На 463 натпревари за Реал Мадрид постигна 28 гола и забележа 98 асистенции. Играчот од средниот ред има 205 натпревари, 24 гола и 49 асистенции за Баерн и 48 натпревари, 10 гола и 13 асистенции за Баер Леверкузен.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести