Тони Крос се фати за глава кога виде што може да направи турското чудо од дете (Видео)

Арда Ѓулер веќе почна да се наметнува во Реал Мадрид. Турскиот фудбалер кој има смао 18 години, пред 10-тина дена дојде во Кралскиот клуб и на тренинзите почнува да ги покажува своите квалитети.

Фенербахче заработи 20 милиони евра, а плус ќе добие 10 милиони евра во бонуси како и 20 отсто од следниот трансфер на Ѓулер, а Реал доби врвен талент. На еден од последните тренинзи Ѓулер покажа потези кои ретко кои може да ги направи.

Во игра „два на два“, Ѓулер на спектакуларен начин успеа да даде гол, а Тони Крос кој стоеше од страна и гледаше, остана во неверување фаќајќи се за глава.

Ова не е прв пат Ѓулер да покаже „магија“ на тренингот на Реал Мадрид и неговите вештини може да ги видите ТУКА.

https://twitter.com/i/status/1680132217886973952

 

- Оглас -

Најнови вести