Тони Крос точно пред една година стави крај на својата кариера и како вистинска легенда на Реал Мадрид замина во фудбалска пензија. Германецот постојано најавуваше дека еден ден ќе се врати во клубот на својот живот, како што го нарекува Реал Мадрид, а се чини дека тоа наскоро може и да му се оствари.
Според најавите, Крос е многу блиску до враќање во Кралскиот клуб, иако, за жал на навивачите, тоа нема да биде како фудбалер. Во моментов не е познато која функција ќе ја добие, иако во Реал Мадрид има многу отворени позиции. Сепак, три функции се во игра.
Тони Крос би можело да биде амбасадор на клубот, меѓународен претставник на Реал Мадрид или тренер во младинската академија.