Бундеслигата летово имаше над 200 излезни трансфери, а екипите заработија над 800 милиони евра. Најскап беше трансферот на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен во Ливерпул, но имаше и изненадувачки трансфери како тој на 23-годишниот Енцо Милот, кој за 28 милиони евра се пресели во Саудиска Арабија.
Милот имаше понуда од Атлетико Мадрид, а Тони Крос сакаше да го види во дресот на Баерн Минхен.
„Само ќе си ги полни џебовите две години. Тоа е неверојатно лош пример за многу млади фудбалери – парите да бидат единствената мотивација“, вели Тони Крос, кој ваквите трансфери ги нарече срамни.