21.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Тони Крос за Исак: Многу луѓе воопшто не ни знаат кој е тој

Поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос, беше изненаден од сумата која Ливерпул ја плати за напаѓачот на Њукасл, Александер Исак. Англискиот гигант не штедеше пари и плати 125 милиони фунти (145 милиони евра) за шведскиот интернационалец. Овој трансфер на Исак е историски најскап во англискиот фудбал.

„Исак отиде во Ливерпул за многу пари? Им верувам на нашите слушатели, но мислам дека повеќе или помалку половина од нив никогаш не слушнале за Исак. Проценете сами. Сериозен сум“, рече Крос во поткастот „Ајнфах мал Лупен“.

Трансферот на Исак го надмина и трансферот од 121 милион евра на играчот од средниот ред Енцо Фернандес, кој од Бенфика дојде во Челзи за сума од 117,5 милиони евра. Трет најскап трансфер во англискиот фудбал е тој на Џек Грилиш, кога во 2021 година во Манчестер сити дојде од тимот на Астон вила.

- Оглас -

Најнови вести